Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 1ви август ќе одржи голем концерт во Охрид. Стадионот Билјанини извори ќе биде претесен за да ги собере фановите на Цеца на концерт за кој што и самата вели дека ќе биде вистински open air спектакл.
Со песните од новиот албум, „Име и презиме”, „Да раскинем за њом”, „Позив” и многу други, Цеца веќе полнеше концертни сали и стадиони низ цел Балкан, а потоа и низ цела Европа. Овој пат на ред е македонскиот бисер каде на 01 август ќе приреди концерт за паметење.
Почетокот на концертот е закажан за 21:30 часот. Ражњатовиќ ветува незаборавна неколкучасовна забава во која без сомневање публиката ќе биде погласна. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба на стандардните продажни места и низ кафулињата во Охрид по промотивна цена до 15 јули.