Питбул деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Fireball“, која ја најави како главен сингл од неговиот нов и осми по ред студиски албум „Globalization“, за кој сè уште не се познати никакви детали, така што новото соопштение може да значи дека претходните две песни нема да се најдат на албумот. По серијата гостувања на женски вокали, во новиот сингл на популарниот „Господин 305“ овој пат гостува пејачот Џон Рајан
Хрватскиот музичар Тони Цетински вчера премиерно го претстави својот нов видео запис за песната„Жена над женама“, чија музика и аранжман ги направи Миро Буљан, а за текстот му помогна Соња Буљан. По успешниот албум „Опет си побједила“ од 2012 година и бројните концерти настапи ширум целиот регион, „Жена над женама“ е одлична најава за новиот материјал кој Цетински го подготвува изминативе месеци. Видео записот во режија на Ренато Рениера се снимаше во прекрасниот град Ровињ.
Во рамките на неговата летна турнеја, Цетински има само еден настап во Македонија, на прилепскиот„Пиво Фест“ кој годинава се одржува од 17-20 јули. Новосадската барбика Наташа Беквалац го претстави својот нов видео запис за песната „Можам да поминам“ (Могу да проѓем) со која претендира да се запише на листата на летните хитови за 2014 година. Песната ја направил познатиот тандем Хандановиќ – Туцаковиќ. Дамир Хандановќ ја направил музиката, додека Маина Туцаковиќ се погрижила за текстот. За црно – белиот спот бил задолжен Милош Надажнин. Погледнете го новиот спот на Наташа Беквалац: Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 1ви август ќе одржи голем концерт во Охрид. Стадионот Билјанини извори ќе биде претесен за да ги собере фановите на Цеца на концерт за кој што и самата вели дека ќе биде вистински open air спектакл.
Со песните од новиот албум, „Име и презиме”, „Да раскинем за њом”, „Позив” и многу други, Цеца веќе полнеше концертни сали и стадиони низ цел Балкан, а потоа и низ цела Европа. Овој пат на ред е македонскиот бисер каде на 01 август ќе приреди концерт за паметење. Почетокот на концертот е закажан за 21:30 часот. Ражњатовиќ ветува незаборавна неколкучасовна забава во која без сомневање публиката ќе биде погласна. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба на стандардните продажни места и низ кафулињата во Охрид по промотивна цена до 15 јули. Популарната група “Џогани“, односно Џоле и Весна Џогани го објавија спотот за новата песна која го носи насловот “Фатална“. По бројните песни кои имаа интересни текстови и шеговити спотови, ова дуо очигледно закличило дека пробаниот рецепт не треба да го менуваат, па така и овој пат. Саша Ковачевиќ сними спот за новиот летен хит. Новата песна „Ноч до подне“ најавува добра забава. Срцекршачот на многу женски срца, заедно со неговата екипа престојувал неколку дена во Грција за потребите за снимањето на спотот во кој учествувале повеќе од 40 луѓе. За спотот задолжена била продукцијата „СК медиа“ – новата продукција на Саша Ковачевиќ, а како режисер се потпишува Димитрие Јоковиќ. На песната работеле браќа Ковачевиќ. Погледнете го новиот летен хит на Саша Ковачевиќ Младиот белградски уметник Стефан Коковиќ, кој публиката од близу го запозна во „Х-Фактор Адриа“ како еден од штитениците на Емина Јаховиќ, ја објави својата втора по ред песна која го носи насловот „Хајде мала“. Ова е втора по ред песна на младата ѕвезда од „Х-Фактор Адриа“ и има големи шанси да стане вистински летен хит. Популарниот српски пејач Саша Матиќ и хрватската пејачка Северина, снимаат дует, а публиката ќе има можност песната да ја слушне наесен.
Матиќ веќе го отпеал неговиот дел, а поради патувањето во Бразил, каде Севеина го следеше Светското првенство, Севе ја направила само инфо снимката, па наредниот месец ќе го заврши нејзиниот дел во студиото. Потоа следува снимање на спот и промоција на дуетот. Сите кои досега имале можност да ја слушнат песната, тврдат дека ќе биде хит. Како што пренесуваат медиумите, кум на песната е сестрата на Северина, Маријана. Таа е пријателка со Матиќ и дошла на идејата за овој дует. Набрзо се состанале двајцата пејачи и се договориле за соработката. Милица Павловиќ важи за една од најатрактивните пејачки на „Ѕвездиде Гранда“. Милица без претходна најава обајви 4 нови песни „Доминација“ „Алтер Его „Две по Две“ и „Милиметар“ Ние во продолжение ви ги прикажиме четирите нови песни и спотови на атрактивната пејачка Милица. Српската поп-фолк ѕвезда Џенан Лончаревиќ кој изминатиов викенд имаше успешни концертни настапи низ Македонија во клубот „Селект“ во Струмица и комплексот кафулиња „Касапски круг“ во Куманово и познатиот ТВ водител и член на дуото „Фламингоси“, Огњен Амиџиќ снимија заедничка песна и спот. Песната се вика ”Позитива”, а видеото за неа е снимено на неколку локации на Бешеновачкото езеро. Текстот за песната го напиша Огњен, додека реализацијата на спотот му беше доверена на Ведад Јашаревиќ. Видеозаписот од оваа заедничка соработка на Џенан Лончаревиќ и Огњен Амиџиќ беше промовиран вчеравечер и на прво слушање, песната има предиспозиции да биде вистински летен хит. |
|