Нашата позната фолк пејачка Елена Велевска по подолго време објави нова песна насловена како „Лоша копија“ и видео запис за истата.
Победникот на Макфест го промовираше својот нов сингл кој носи наслов „It’s my broken heart“. Музиката и текстот се на Мирче Кикиритков Аранжман и Дејан Горгиевски (Ѕене) на гитари свири Петар Чичев додека како пратечки вокал се појавува Натали Заринска. Во продолжение слушнете ја новата песна Пејачот Дарко Илиевски се пофали со нова фризура. Својата темна коса Даре ја осветли со руси прамени.
-Решив малку да експериментирам и сум презадоволен од крајниот резултат. За мојот нов имиџ се погрижи искусниот стилист Арменд кој одлично си ја заврши работата и затоа сум му благодарен. Малку бев скептичен на почетокот но сепокажа дека тоа беше непотребно“, објаснува Дарко и додава: „Ексклузивно за читателите на Вистина.мк ќе откријам дека утре стартувам со снимањето на мојот нов видео запис за новата песна песна „Ноќ со тебе“, вели Илиевски за Вистина. Победникот на годинешниот фестивал „Канео Фест 2014“, Ален Хасановиќ вчера (15 јули) во кафулето „Скопје Кафе“ на Плоштад Македонија го промовираше својот најнов видео запис. Пред колегите, новинарите и најблиските пријатели кои дојдоа да ја проследат неговата промоцијата, младиот пејач Ален Хасановиќ го промовираше својот најнов видео запис кој е во режија на Зати Продукција. „Морам да признаам дека сум презадоволен како помина промоцијата. Сакам да искажам голема благодарност до сите медиуми и пријатели кои ме испочитуваа и дојдоа на мојата промоција во Скопје. Во песната вложивме многу труд и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе се пронајде во неа. Јас сум комплетен автор на песната и навистина ми е многу мило што пред пошироката јавност го презентирав своето прво дело. Официјалниот видео запис за српската верзија на песната го работеше Зати Продукција од Охрид, видеото излезе супер и јас сум презадоволен, но и сигурен дека и понатаму ќе соработувам со истата, веќе проверена екипа“, изјави Ален Хасановиќ. Комплетен автор на песната е самиот Ален Хасановиќ. Во продолжение погледнете го видео записот Како што беше најавено, братското дуо составено од Стефан и Мартин Филиповски, Некст Тајм изминатиов период работеше на својот прв сингл со кој ќе се обиде да се пробие на балканската сцена, а благодарение на Боки 13, во тоа им помогнаа познатите српски автори Марина Туцаковиќ и Дамир Хајдановиќ. Токму овој тандем се потпишува на музиката и текстот на песната насловена „Никад никада не умире“ Во продолжение слушнете ја песната ВИДЕО:Петар Маркоски и Горан Папаз ја промовираа заедничката песна и видео запис „Еден Живот"7/11/2014 Песната е снимена во „Sustain Studio" на Даниел Јовески.Темата е авторско дело на Петар Маркоски (текст), Петар Маркоски и Даниел Јовески (музика), Даниел Јовески и Вулнет Ибраими (аранжман и продукција). Промоцијата се одржа во кафе барот Кадмо во Охрид. Петар, Горан и Даниел по промоцијата приредија убаво музичко шоу и ги забавуваа посетителите со одбрани хитови. Видеото за песната се снимаше на повеќе локации во Охрид. Режијата на спотот, реализацијата, снимањето и мастерингот се на Даниел Јовески. На спотот покрај музичарите Петар Маркоски и Горан Папаз се појавува и младата Моника Коцарева, која ја има главната улога. Новата песна на Скипи „Скинат џеб“ е продукција на Skipi Beat Production. Горјан Јовановски – Скипи се погрижи за музиката и аражманот, додека текстот на новото музичко остварување на пејачот е во соработка со Мега – Марко & Пато. Пратечки вокали во песната се Бубе Најдановска и Филип Божиновски. Скипи наскоро планира и снимање на видео запис за новата песна кој како што вели ќе биде еден вистински летен спот. До тогаш ги кани сите да го научат текстот на неговата нова песна „Скинат џеб“ и да уживаат во лудите летни забави во добар ритам и одлична музика. Младиот пејач Ален Хасановиќ освои 4 награди на годинешниот „Канео Фест“ во Охрид.
Toj со песната која го носи насловот „Кога сфатив“ го освои првото место на фестивалот „Канео Фест“ кој се одржа викендов и се закити со четири награди. Тој ги освои првите места од жирито и публиката, но и за најдобар интерпретатор и аранжман. Комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот на песната „Кога сфатив“ е самиот пејач. Во улога на водителска двојка на годинешниот фестивал се појави атрактивната водителка Лила Филиповска во придружба на Дамјан Дренковски. Организатор на овој традиционален музички фестивал е „ТВ Морис“ од Охрид. На роденденската јубилејна вечер на фестивалот „Сунчане скале“ во Црна Гора, Александар Белов ја промовираше својата најнова песна „Реци да ме не волиш“. На новата песна на Белов се собрал проверен хитмејкерски тим што за сиурно му дава за правo да смета дека неговата „Реци да ме не волиш“ ќе ја засака публиката и во Македонија и во регионот. За музиката и текстот на најновата песна на Белов се погрижи Антонија Шола, додека зад аранжманот се потпишува Дарко Тасев. Димитар Андоновски вчера вечер победи на првата вечер на фестивалот „Сунчане Скале“, односно вечерта на нови ѕвезди, кој традиционално годинава се одржа по дваесетти пат. Андоновски се претстави со песната „Ако ме боли“, која уште на почетокот била во големо водство пред останатите натпреварувачи. Оваа победа на Димитар е само потврда дека неговата песна е одлична, бидејќи со истата го освои третото место на Скопскиот фестивал. Андоновски доцна вечерта им се заблагодари на неговите соработници кои му ја направија песната. |
|