Интервју со поп пејачот Иле Спасев.Иле е дипломиран музичар, дипломирал на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје.
1.Кој е Иле?
Одговор: Иле е дечко на кој музиката му е и професија и хоби, т.е., живее од истата и истата го исполнува неговото слободно време :) Да продолжам во прво лице еднина, се идентификувам себеси како композитор и музички продуцент кој што пее. Отсекогаш правењето музика ми било она што е првенствено, а пеењето ми доаѓало како последица на истото. Друго што би можел да кажам е тоа дека сум дипломиран музичар. Дипломирав на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, работев како професор неколку години во ДМБУЦ Илија НИколовски-Луј, а моментално сум потполно посветен на правењето музика во моето студио во Скопје.
2.Што ќе биде следното од тебе на музички план?
Одговор: Уште многу, многу песни. Имам навистина еден цел арсенал на песни кои чекаат на доработка и финална реализација. Сакам да реализирам и два спота за песните ‘Магија’ и ‘Во милион една’, но тоа ќе почека до Септември.
3.Која е твоја омилена песна што си ја отпеал?
Одговор: Ако ме прашувате за песни кои јас сум ги отпеал како артист, тоа би била навистина ‘Во милион една’ која ја сработивме со Александар Масевски – човек кој не само што многу ми помогнал во мојата кариера како артист (печај, изведувач), туку и во целокупната моја едукација како композитор и продуцент.
4.Каде ќе имаш настапи летово?
Одговор: Имам неколку понуди за во Будва и една понуда за настап во Сплит, но тоа од средината на Јули па до крајот на Август. До тогаш сум слободен да уживам во летото :)
5.Со кој од македонската естрада сакаш да направиш дует?
Одговор: Драган Мијалковски.
6.Песна која тебе најмногу те опишува?
Одговор: Fragile :)
7.За која песна жалиш што не си ја отпеал прв?
How deep is your love од Bee Gees, мојата омилена песна од еден навистина широк избор на омилени песни. Македонска, ‘Чија си’ од Славе Димитров. Овие се песни кои не само што би сакал да ги бев отпеал прв, туку се и песни кои би сакал да ги бев напишал.
8.Со кого се дружиш од колегите?
Одговор: Па се знам скоро со цела наша естрада, било да се печаји, композитори или продуценти, но мојот круг на најблиски пријатели не е дел од музичката естрада. Сакам пријателствата да ми бидат надвор од музиката (да можам да здивнам малку хе-хе). Имам пријатели писатели и филозофи. И самиот сакам да пишувам, но се’ уште не сум објавил ништо сериозно, освен неколку инсерти на мојот Фејсбук профил.
9.Дали оваа година ќе настапиш на некој фестивал?
Одговор: Како пејач, најверојатно не. Како автор, веќе имам во најава неколку песни.
10.Без што не можеш да го замислиш денот?
Одговор: Без музика, книга, и време за само-набљудување (работа на себе).
11.Некоја случка од детството што ти останала во памтење?
Одговор: Кога имав девет години и на Илинден (мојот именден) го имав својот прв ‘јавен настап’ пред сите мои роднини и пријатели на моето семејство. Пеев Ристо Бомбата и Кучешка Тенија :) Тогаш моите сфатија дека не фудбалот (доаѓам од спортско семејство) туку музиката ми е предодредена.
12.Што е за тебе идеален летен одмор?
Одговор: Да бидеш со луѓето кои ги сакаш, било каде (местото е навистина неважно).
13.Каде се гледаш себеси во индина?
Одговор: На место каде што ги остварувам своите животни идеали (да, поврзани со музиката), остварен човек со остварени но и нови амбиции и цели.
14.Дали имате девојка?
Одговор: Да :)
Иле ти благодариме многу што одвои време за нашиот портал Стар Музика и за крај нешто?
- Ви благодарам од срце што ми ги поставивте овие убави прашања. Ме потсетивте на убави моменти од детството и ми го поттикнавте духот да размислувам за мојата иднина на позитивен начин. Од срце, Иле