Само сакав е насловот на новиот шести по ред сингл на Ај Кју од нивниот втор се уште неиздаден албум. Ова е втор сингл на бендот во 2014 година по There’s a chance. Само сакав е комплетно авторско дело на лидерот на групата Бојан Трајковски кој воедно се погрижи и за снимањето и продукцијата на песната во студиото Music House.
За песната е снимен и видео спот кој е јубилеен десетти спот на бендот, а истиот го изработи долгогодишниот соработник на бендот Огнен Шапковски.
Во моментов бендот е на мини турнеја низ македонските градови, а летото е предвидено за интензивирана работа во студио, од која публиката може да очекува многу интересни новитети.
Се финализира албумот кој е најавен за оваа есен, а се снима и сосема нов материјал.