Легендарната хард рок група “Дивље Јагоде” следниот викенд доаѓа во Македонија. Зеле Липовача и дружината ќе одржат два концерти и тоа на 11-ти јули, петок тие ќе настапат во клубот „Гравити“ во Кичево, додека следниот ден, 12-ти јули, сабота, нивните фанови од Кочани ќе имаат ретка можност да се дружат со нив на базен „Аква“.
„Дивље јагоде“ на нивните концерти ќе ги промовираат песните од нивниот нов албум “Биодинамичка љубав”, како што се: „Не нисам ја“, „Кад те неко спомене“, „Ти без ријечи знаш“… но, воедно публиката ќе ја потсетат и на нивните најголеми хитови како: „Мотори“, „Шејла“, „Чаробњаци“, “Не желиш крај“, „Криво је море“, „Једина моја“, „Заувјек твој“, „Коњи“, „Чаробњаци“… !
Најдобриот регионален хард-рок бенд на сите времиња овој пат доаѓа во новата постава: Ливио Берак, вокал и гитара, Наско Будлимиќ на тапани, Андрас Испан на бас гитара, Дамјан Деуриќ на клавијатури и секако основачот на бендот, Зеле Липовача на гитара.