Националната арена „Филип Втори“, вчера (21 јуни) беше местото каде се постави нов рекорд во македонската историја. Жељко Јоксимовиќ имаше една цел и ја постигна, 50.000 луѓе на концертот во Скопје.
Концертот траеше ни помалку, ни повеќе четири часа, а публиката во ниту еден момент не застана, пееше и дишеше во еден глас со Жељко и неговите гости пријатели.
Покрај најголемите хитови на Жељко публиката уживаше и во настапот на специјалните гости: победникот на „Икс фактор“, Даниел Кајмакоски кој го испеа дуетот со Жељко – „Скопје-Белград“ со поддршка на публиката, ексклузивната гостинка, синоним за концерти на стадиони – Лепа Брена, чие име до последен момент се држеше во тајност, како и колегите Жељко Самарџиќ, Бора Чорба и домашната поддршка, Гаро и браќата Тавитјан.
Жељко Јоксимовиќ дефинитивно постави рекорд на арената „Филип Втори“, рекорд кој тешко дека некој во скоро време ќе успее да го сруши. Пофалби и за организаторот, кој успеа да се сноси со висината на задачата и на грб да земе толку голема одговорност и сето тоа да изгледа и тече беспрекорно.
Во продолжение имате ексклузивна можност да погледнете видео од вчерашниот настап на концертот на Жељко и Даниел Кајмакоски - „Скопје-Белград“